Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во Македонија.
Од нив, 11 лица се инфицирани во Скопје, четири во Прилеп, двајца во Куманово и едно лице во Тетово.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 до 12 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во:
Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).