Во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 од кои половина се од Скопје, Куманово и Гостивар.
Во Скопје се регистрирани 32 новозаразени, Куманово-25 и Гостивар-22. Останатите се од Струга-15, Тетово-9, Берово-9, Штип-8, , Прилеп-7, Кавадарци-5, Гевгелија-5, Охрид-4, , Делчево-4, Кичево-3 Велес-2, Кочани-2, Виница-2, Битола-1, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Дебар-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843. Денеска се евидентираат девет (9) контролни тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5615, активни 829
• Куманово 1355, активни 317
• Дебар 237, активни 74
• Штип 1100, активни 251
• Прилеп 391, активни 57
• Тетово 1180, активни 168
• Струга 544, активни 150
• Велес 253, активни 29
• Битола 188, активни 49
• Охрид 324, активни 67
• Кавадарци 168, активни 99
• Гостивар 722, активни 310
• Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 56, активни 21
• Крива Паланка 35, активни 10
• Радовиш 39, активни 10
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 132, активни 30
• Пробиштип 73, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 30
• Македонски Брод 65, активни 35
• Пехчево 9, активни 3
• Берово 34, активни 25
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 42
• Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 269, активни 60
• Кичево 257, активни 103
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1733 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-210, Биотек-320, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-251, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор – 56, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-9, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 114
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 99
• Карпош – 92
• Центар – 81
• Кисела Вода – 84
• Ѓорче Петров – 63
• Бутел – 61
• Шуто Оризари – 36
• Студеничани – 19
• Сарај – 20
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2