Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинации, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.
Од таму нагласуваат дека заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани.
54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.