Секојдневно расте бројот на новозразени од ковид-19 во Прилеп, денеска регистрирани се 15 нови случаи.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 8 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 127, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 23 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 240 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 640 лица.

Ка.М.