фото: Зоран Антоски

Сите превозни средства кои сообраќаат на релацијата во и од Дебар и Центар Жупа од правците на Гостивар и Струга, задолжително им се врши дезинфекција со специјални препарати, а оваа операција ја изведуваат вработените од Подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување од југозападниот дел од земјава.

Тие во специјални заштитни облеки и со мешини на грбот, ги пречекуваат и испраќаат возилата, а попатно ја вршат неопходната дезинфекција, за да не дојде до проширување на коронавирусот и во останатите делови од регионот.

– Од саботата па се додека е тоа неопходно, наши екипи редовно ќе бидат ангажирани на патниот правец Струга-Дебар-Центар Жупа, каде се врши дезинфекција на сите превозни средства патнички и товарни возила со специјални препарати, со што се оневозможува ширење на коронавирусот во преостанатиот дел од регионот. Дежурствата се спроведуваат деноноќно. Од нашето Подрачно одделение веќе имавме екипа на терен, а оваа акција ќе продолжи и утре кога тричлена екипа од Подрачното одделение на ДЗС од Кичево, ќе работи на овој патен правец на дезинфекција на возилата кои сообраќаат на оваа релација – вели Емин Емини од ПО на ДЗС Кичево.

З.А.