Во Министерството за здравство денеска пристигнаа три илјади тестови, дел од донацијата од 13.000 брзи тестови. Тие се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот ковид-19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.
 

Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а ќе бидат распоредени низ 13-те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата „8-ми Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19.

– Tоа се најнови тестови, најнова технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање – најави претходно министерот Венко Филипче.

Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и нафтената компанија „Галф оил Македонија“.