Во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Пред поликлиниката Јане Сандански во Скопје пратката со вакцини беше пречекана од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.
Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државата по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението. Досега во државава според надлежните се вакцинирани 60. 000 граѓани.