Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од ковид-19 во нашето инфективно одделение е 85 годишната Елена Макалоска, која ја напушти прилепската болница – напишаа на Фејсбук од прилепската болница, објавувајќи фотографија од Макалоска сликана со медицинскиот персонал.

Макалоска е пресреќна заради тоа што ја напушта болницата и го победила вирусот. Таа посакала да се фотографира со дел од персоналот на инфективното одделение на прилепската болница.

Деновиве и триесетина други пациенти се излекувани од коронавирусот. Дел од нив се лекуваа во болница, а поголем дел во домашни услови. Повеќето препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита.

Ка.М.