Прилепската компанија „Комфи Ангел“ донираше 25.000 заштитни маски за еднократна употреба за битолските основни училишта, соопшти градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за време на посетата на ОУ „Д-р Трифун Пановски“.
– Во овие специфични околности во кои шо се наоѓаме, а кои што влијаат врз образовниот процес, особено ми е значајно континуираното следење на условите и можностите во самите образовни институции. Тоа е целта на денешната моја посета на ова училиште и со директорот разговаравме како се одвива наставата и дали се воочени некакви проблеми кои што општината со соодветен пристап може да ги реши.
Покрај општината и МОН, кои се целосно внесени во адаптација на условите, особено ни значи придонесот од компаниите, како што е во случајов „Комфи Ангел“, која донираше 25.000 детски маски, за користење на децата кои посетуваат настава со физичко присуство – изјави Петровска.
Маските се распределени според соодветниот број ученици во секое основно училиште.
Во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ во кое 150 деца присуствуваат со физична настава, доделени се вкупно 1.500 маски.
Благодарение на поддршката на Општината во ова училиште обезбеден е интернет, компјутери за непречено одвивање на настава.
М.М.