Претставници на Младинскиот форум на Движењето Беса, како и претставници на Форумoт на жени, денес во градот Гостивар им поделија бесплатни маски на граѓаните за да се заштитат од пандемијата ковид-19. Најнови препораки се секој граѓанин да носи заштитна маска за да спречи инфекција со коронавирус. Здравјето е пред сè, па затоа треба да се следат препораките, а особено со носење заштитни маски и одржување социјална дистанца.
– По акциите во неколку градови од земјава за делење заштитни маски, денес решивме да продолжиме во градот Гостивар. Решивме да им дадеме на граѓаните на Гостивар бесплатна маска и уште еднаш да ги потсетиме за важноста за одржување на здравјето. Пандемијата Ковид-19 го зафати речиси целиот свет, па затоа треба да се следат најновите препораки, особено носењето маски, кое пред неколку дена стана задолжително за граѓаните. Ние сме повеќе од убедени дека ако се почитуваат мерките, многу побрзо ситуацијата ќе се врати во нормала – изјави претставничката од Форумот на жени – Движење Беса, Флорие Синани.