Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски е позитивен на вирусот ковид-19, информира Министерството за здравство.
– Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга – велат од МЗ.
Од таму информираат дека според епидемиолошката анкета, Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.