Владата на денешната седница ја донесе одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите во согласност со која во буџетот за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната расходи на основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.
– Целта на предложената одлука е обезбедување средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид-19 – велат од Владата преку соопштение.