Во изминатото деноноќие на 16 граѓани на Кичево им се изречени прекршочни казни, поради неносење заштитни маски.
На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од одредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување на ширење на ковид-19.
Во исто време полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 106 контроли врз угостителски и други објекти на ниво на СВР Охрид, информираат од таму.
Инаку во Кичево денес нема регистрирано новозаболени од коронавирусот и во оваа општина моментално регистрирани се 12 активни случаи, три лица се излекувани , додека едно лице почина.
Се преземаат сите мерки од страна на Кризниот штаб за да не дојде до проширување на заразата.
З.А.