Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест.
Од општина Прилеп информираат дека на Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 12 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти, кои се негативни на ковид-19.
Во самоизолација се наоѓаат 65 лица, а во последните два дена на 13 граѓани им се изречени прекршочни казни за неносење заштитни маски.
Ка.М.