Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до 23.30 часот, а да бидат дозволени настани и ивенти и во затворениот дел на објектите со исполнетост на 30 отсто од капацитетите.
Главниот координативен кризен штаб за утрешната седница на Владата препорача од 12 мај полицискиот час да почнува од полноќ до 5 часот.
Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.
Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на затворениот простор.
Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.
Вежбалните и фитнес-центрите можат да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Исто така, се редлага да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.
Овие мерки ќе важат до 18 мај.