Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа.
Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
Оваа препорака Комисијата за заразни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.