По денешната информација дека во Кичево е регистриран првиот случај на заразен со коронавирус, од кризниот штаб излегоа со целосна информација, која оди во прилог на жителите од овој регион, да бидат спокојни, бидејќи лицето што се заразило со ковид-19, седум месеци престојувало во странство. За тој период лицето воопшто не престојувало во Кичево, и од странство е однесен во карантин во хотелот „Ибис“, каде е потврдена заразата.
– За да им објасниме на граѓаните и понатаму да продолжат да живеат релаксирано, им ја предочуваме следната информација, веста дека и Кичево влегува во списокот на градови со лица заразени со ковид-19 е делумно точна. Лицето кај кое е констатиран вирусот последните седум месеци живеело во некоја од западноевропските земји од каде се вратило пред два дена. По враќањето во земјава било сместено во државен карантин во хотелот „Ибис“ во Скопје. Оваа информација сакам да ја знаат нашите сограѓани, бидејќи се работи за лице кое не било во контакт со жителите во Кичево и дека не постои опасност истото да биде преносител на коронавирусот – рече при денешниот разговор градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, претседател на кризниот штаб, кој секојдневно е во континуирано заседание и ги анализира состојбите со цел да не дојде до пренесување на заразата и во овој регион.