Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника, објави „Зyртаре.нет“ повикувајќи се на извори блиски до партијата. Според првичните информации Јахоски имал покачена температура и симптоми на ковид-19.
Тој неколку мандати беше градоначалник на општина Пласница, пред да добие пратеничко место во Собранието.