Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, двајца во општина Долнени и еден во Пласница. Од заразната болест оздравеле 6 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 24, од кои 16 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 4 лица позитивни на коронавирус. На 3 лица сомнителни на ковид-19 земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се 54 лица, а заради неносење заштитни маски вчера на 25 граѓани им биле изречени прекршочни казни.
Ка.М.