Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина.
– Станува збор за 100.000 дози и преку претставници од Руската амбасада, ќе се обидеме да добиеме информации кога поточно би пристигнале во нашата земја – рече Филипче.
Тој најави дека во следните денови ќе ги има конкретните датуми.
За кинеските вакцини, Филипче рече дека се надева оти деновиве ќе го имаат и конкретниот датум кога тие ќе пристигнат во земјава.