Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:
Скопје – 208, Куманово – 85, Дебар – 49, Штип-15, Прилеп – 22, Тетово – 15, Струга – 9, Велес – 8, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 2, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка- 2 и во Кочани – 1.
Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес-конфенција.