Фото: Илустрација

Скопското основно јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во земјава.

Како што информираат од обвинителството, обвинетиот на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во земја рангирана како ризична за ширење на ковид-19.

Но, тој не постапил според прописите, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет.

Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противвредност.


На 67 лица издадени решенија за изолација, а 84 потпишале изјава за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.