Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Согласно конечната потврда за присуство на ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 339
Куманово – 262
Дебар – 49
Штип-31
Прилеп –89
Тетово – 43
Струга – 47
Велес – 36
Битола –9
Охрид –9
Кавадарци – 3
Гостивар –10
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 25
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Неготино -2
Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.