Денеска се потврдени 38 нови случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16 пациенти, а починати се три лица.
Двајца од починатите пациенти се од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.
Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53 г.) и истиот е позитивен на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 771, активни 232
• Куманово – 442, активни 36
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 54, активни 19
• Прилеп –211, активни 43
• Тетово – 182, активни 71
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 31
• Битола –29, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1
Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.