Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 430, Велес – 81, Куманово -78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 42 починати лица: 15 од Скопје (53, 56, 58, 58, 60, 65, 65, 69, 69, 73, 73, 73, 73, 80, 84), 4 од Куманово (59, 59, 67, 75), по 3 пациенти се пријавени од Прилеп (58, 70, 85), Струмица (50, 67, 70) и Кочани (63, 69, 84), по 2 од Битола (65, 75), Гостивар (70, 75), Кавадарци (51, 65), Штип (54, 87) и Охрид (61, 74) и по еден пациент од Тетово (73), Велес (87), Крива Паланка (81) и Виница (80).
Еден пациент е починат во домашни услови, а другите во болнички услови.
Регистрирани се 811 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.