Поради непочитување на здравствените мерки и прописи за епидемијата од коронавирус, од сите Сектори за внатрешни работи во земјава од 15 март до денеска се поднесени 24 кривични пријави, за вкупно 29 лица, информираат од МВР.
Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик, а едно лице е пријавено по членот 205.
Поради епидемијата од коронавируисот, Владата на 13 март воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел да се намали и да се контролира ширењето на заразата.
Голем број граѓани кои пристигнаа од кризните подрачја во Европа, превентивно се ставени во 14-дневна изолација која повремено ја контролираат полициски екипи.