На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок, активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4.00 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23.30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник како резулатат на новонастанатата епидемиолошка состојба, односно произлезе од намалениот број на новозаразени со коронавирус и ослободувањето и затворањето на поголем дел од болничките капацитети за ковид-19.