Дел од патниците од автобус кој се враќал од Грција се во изолација, откако пристигнале во Македонија на 20 јули. Во автобусот имало 26 патници од кои пет се позитивни на ковид-19, а шестиот треба да се тестира утре, објавуваат медиумите повикувајќи се на информации од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ).
Засега се издадени решенија за изолација за 13 лица. Од ДЗСИ велат дека епидемиолишка анкета на контактите е во тек.
Во Грција е регистриран најголем дневен пораст на новозаразени со ковид-19 во последните три месеци.