Во изминатите 24 часа Центарот за јавно здравје во Прилеп реистрирал седум новозаразени од ковид-19, од кои петмина се од Прилеп, а двајца од село Црнилиште, општина Долнени.
На прашањето дали има заразени во гинеколошкото одделение во прилепската болница, од ЦЈЗ Прилеп посочија дека сега се прават дополнителни епидемиолошки анализи и ќе биде информирана јавноста.
Во Прилеп и во останатите општини досега од ковид-19 се заразени 257 лица, од кои 19 се починати.

Од заразната болест оздравело едно лице. Бројот на активни случаи изнесува 33, од кои 25 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус, а на едно лице сомнително на ковид-19 му е земен брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 75 лица.

Ка.М.