Фото: Каролина Мицевска

Се уште варира бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп. Според информациите од општина Прилеп денеска се евидентирани пет нови случаи на ковид-19, а од оваа заразна болест излекувани се седуммина пациенти.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а поради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники. Во делот за изолација има петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 182 лица, а во изминатото деноноќие забележани се пет нарушувања на полицискиот час. Ка.М.