Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 171, Куманово – 12, Тетово – 19, Прилеп – 15, Гостивар – 6, Штип – 7, Битола – 4, Велес – 10, Охрид – 20, Струмица – 8, Кавадарци – 19, Струга – 10, Кочани – 2, Кичево – 10, Свети Николе – 1, Гевгелија – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Берово – 4, Делчево – 3, Пробиштип – 7, Виница – 3, Демир Хисар – 1, Кратово – 1, Крушево – 4, Македонска Каменица – 1, Пехчево – 2 и еден во Демир Капија.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 587 оздравени пациенти од Скопје – 426, Куманово – 18, Тетово – 7, Прилеп – 12, Гостивар – 14, Штип – 8, Битола – 11, Велес – 13, Струмица – 13, Кавадарци – 19, Кочани – 6, Кичево – 8, Свети Николе – 1, Гевгелија – 2, Неготино – 2, Крива Паланка – 8, Радовиш – 6, Берово – 3, Пробиштип – 5 Богданци – 2 и по еден во Валандово, Кратово и Пехчево.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66 години), еден од Куманово (73), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61 година), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.024, активни 6.767
• Куманово 5.062, активни 429
• Тетово 4.994, активни 463
• Прилеп 4.497, активни 269
• Гостивар 3.552, активни 308
• Штип 3.454, активни 166
• Битола 3.178, активни 219
• Велес 2.980, активни 307
• Охрид 2.684, активни 387
• Струмица 2.487, активни 360
• Кавадарци 2.430, активни 365
• Струга 2.162, активни 185
• Кочани 1.704, активни 116
• Кичево 1.681, активни 151
• Свети Николе 1.062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1.906 тестови се преку: ИЈЗ – 468, ЦЈЗ Скопје – 48, Авицена – 183, Биотек – 134, МАНУ – 120, Жан Митрев (Филип Втори) – 83, Систина со PCR метода – 166, лабораторија Лаор – 52, Судска медицина – 9, ЦЈЗ Битола – 60, Инфективна клиника – 5, Синлаб – 38, Ремедика – 16, лабораторија болница Козле – 19, ЈЗУ (рапид тест) – 504, УК Пулмологија со алергологија – 1. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на ковид-19.