Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.
Бројот на активни случаи изнесува 25, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од ковид -19 од почетокот на пандемијата изнесува 218.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, моментно се хоспитализирани три лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 28 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

Ка.М.