Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-9, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-4, Струга-2, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-6, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пехчево-2, Берово-5, Делчево-6, Свети Николе-3, Кичево-3, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-9, Штип-37, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-85, Велес-13, Битола-6, Охрид-34, Гостивар-20, Струмица-3, Крива Паланка-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Виница-1, Кратово-1, Кичево-15.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.783, активни 884
• Куманово 1.410, активни 361
• Дебар 242, активни 77
• Штип 1.115, активни 228
• Прилеп 427, активни 87
• Тетово 1.201, активни 180
• Струга 550, активни 60
• Велес 265, активни 26
• Битола 198, активни 48
• Охрид 326, активни 26
• Кавадарци 170, активни 90
• Гостивар 758, активни 286
• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 58, активни 20
• Крива Паланка 38, активни 10
• Радовиш 41, активни 12
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 137, активни 33
• Пробиштип 78, активни 20
• Демир Хисар 60, активни 25
• Македонски Брод 69, активни 32
• Пехчево 14, активни 8
• Берово 47, активни 38
• Валандово 7, активни 0
• Виница 64, активни 41
• Делчево 44, активни 39 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 1
• Свети Николе 281, активни 71
• Кичево 266, активни 86
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 45, активни 15 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.065 теста се преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-296, Биотек-305, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-246, Систина со ПЦР метода -248, лабораторија Лаор –55, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-114, Инфективна клиника-12, ГАК-24, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 117
• Гази Баба – 112
• Аеродром – 104
• Карпош – 91
• Центар – 91
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 58
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 22
• Сарај – 26
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 5
• Нераспределен – 1