Претседателот Стево Пендаровски закажа средба на Советот за безбедност в понеделник (од 16 часот), на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот, како и за сите мерки коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата.
Како опции коишто ѝ стојат на располагање на државата, Пендаровски, меѓу другото го посочи и ангажманот на војската, без да се прогласи кризна состојба.
На состанокот покрај стандардните членови ќе присуствуваат и министерот за здравство и првиот човек на Генералштабот на армијата, информираше претседателот на денешното обраќање од претседателската резиденција на Водно.