Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со кои беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на коронавирусот, за потврдување од страна на Собранието.
Од претседателскиот кабинет потсетуваат дека одлуките беа донесени во периодот од март до јуни годинава на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да се одржи седница на која би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба.