Безбедносните пунтови пред влезот во Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состоја се осветлени.
Како што соопшти заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, ЕВН и ЕЛЕМ одговориле на барањето, со цел МВР да може непречено да врши контроли за влез и излез од кризните подрачја.
– ЕВН и ЕЛЕМ, пример за општествено одговорни компании кои за помалку од 24 часа одговорија на нашето барање да ги осветлат безбедносните пунктови Бошков мост и Глобочица. Припадниците на МВР секогаш се први на местото на сите кризни состојби и затоа заслужуваат подобри услови за работа. Им благодарам за нивната професионалност и посветеност. Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме – напиша Петровска.