Оштина Карбинци е додадена на листата општини во кои од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосен карантин.
Вчера Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. В петок, сабота и в недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.