Владата на седница донесе одлука со која се скратува полицискиот час.
Како што соопшти премиерот Оливер Спасовски преку социјалната мрежа Фејбук, полицискиот час ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а за време на викендите од сабота во 15 часот до понеделникот во 05 часот. Одлуката стапува на сила од утре.
– Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.
Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05 часот наутро.
Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот – објави Спасовски на „Фејсбук“.