Билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација од утре, 21 март, ќе имаат скратено работно време, а некои воопшто нема да работат.
Работно време билетарници
Нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош четири и Железара.
Од шест до 13 часот од понеделник до петок, односно од седум до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.
Од шест до 17 часот од понеделник до петок, односно од седум до 17 часот во сабота, ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.
Во недела, од седум до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.
Центри за персонализација
Времено затворени ќе бидат и четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.
Центрите во Карпош два, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до петок од шест до 17 часот, односно од седум до 17 часот во сабота. Во недела ќе бидат затворени.
Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/,чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
Посоченото работно време на билетарниците и центрите за персонализација ќе важи во наредниот период, а за евентуални промени, корисниците на јавниот превоз ќе бидат навремено информирани.