Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од коронавирус.
Како што јави претходно Министерството за здравство, матичниот лекар за пациентката препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но пациентката и покрај упатувањето, не била хоспитализирана.
Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден.
Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.
Во текот на денешниот ден од Министерството за здравство најавија целосна ревизија на случајот за да се утврди дали имало лекарски пропуст.