Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во Македонија.
По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат, Штип – 8, Прилеп – 8, Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1.