Министерот за здравство, Венко Филипче, по препорака на Комисијта за заразни болести и епидемиолозите денес ќе побара од владата да донесе одлука за затворање на сите трговски центри како мерка за заштита од ширење на коронавирусот. Мерката била договорена утрово.
– Јас денес ќе побарам да се затворат моловите. Тоа се места со голем ризик од ширење на инфекцијата – рече министерот Филипче.
Синоќа на терен биле излезени инспекторите од Државниот пазарен инспекторат кои утврдиле дека генерално кафулињата и рестораните ја почитувале мерката за скратено работно време и ги затвориле локалите во 18 часот.
Министерот Филипче извести дека на состаноците посебно станало збор за пекарите, на кои им е дозволено да работат но не и да послужуваат во локалите.
– Апелирам пекарите да се ограничат, доколку е можно, само на шалтерско работење, да нема влегување во објектите – рече министерот Филипче.