Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во Штип одржа работна средба со директорката на Инспекторатот за труд (ДТИ), Јована Тренчевска, и со дел од инспекторите од овој Инспекторат. На средбата се разговараше за работата на ДТИ, надзорите што се спроведуваат на терен, како и за идните активности на Инспекторатот.
Вицепремиерот Николовски посочи дека во овој период на пандемија предизвикана од коронавирусот, освен мерките за заштита на граѓаните, важно е да нема застој на производствените процеси и сите активности на фирмите, фабриките и на другите капацитети да продлжаат непречно да се извршуваат.
– Затоа, од исклучителна важност е работодавците да обезбедат безбедни услови за работа, со кои ќе го заштитат здравјето на работниците, и почитување на правата на работниците, а со тоа ќе се обезбедат услови за одржливо производство и за продуктивност на економијата во целост. Токму Државниот инспекторат за труд е клучниот контролен механизам за надзори врз примената на уредбите и здравствените протоколи за работа на работните места. Работниците се моторот на нашата економија и во оваа здравствена криза мора да се грижиме и да носиме мерки за да го зачуваме секое работно место – изјави вицепремиерот Николовски.
Притоа Николовски посочи дека и овој инспекторат доби надлежност да постапува и по новите уредби и ковид-протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места, дополнително со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, Трудовиот инспекторат исто така доби поголеми надлежносити за постапување со прекршителите на уредбите и протколите.
Директорката на Инспекторатот за труд, Тренчевска, изјави дека овој Инспекторат врши инспекциски надзори во сите јавни и приватни правни субјекти во однос на примената на законите и другите прописи за работните односи, вработувањето, безбедноста и здравје при работата и колективните договори, договорите за вработување, а со појавата на пандемијата Инспекторатот доби надлежност да постапува и по новите уредби и ковид-протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места.
– Во ноемрви се спроведоа 2.272 надзора во правни субјекти, издаени се 106 решенија за утврдени нерегуларности кај правните субјекти и издадени се 15 платни налози за непочитување на Протоколот 1 и на одредбите од Законот за заштита на наслеението од заразни болести. Во текот на декември, односно изминатите три дена се извршени 391 надзор кај правни субјекти и издадени се 15 решенија за утврдени нерегуларности во согласност со регулативата за работни односи и Законот за здравје и безбедност при работата. Не се утрвдени нерегуларости во делот на почитувањето на здравстените протоколи, што знали дека постепено правните субјекти ги почитуваат протколите – изјави Тренчевска.
Вицепремиерот Николовски потенцира дека во владина процедура е информацијата за кадровско зајакнување на инспекциските служби, со што в година ќе се овозможат нови вработувања во оние инспкециски служби каде што има потреба во согласност со анализата на Инспекцискиот совет.