На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ од
ковид-19 се лечат 19 лица. Бројот на активни случаи денес изнесува 62, од кои 43
се наоаѓаат на домашно лекување.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирусот, а еден пациент оздравел од заразната болест. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 91 лице. Ка.М.