Во Битола драматично расте бројот на позитивни на ковид-19. На Инфективното одделение вкупно се хоспитализирани 34 пациенти. Зголемен е бројот на хоспитализации, како и на прегледи во ковид-амбулантата. Тешка е клиничката слика кај хоспитализираните, претежно кај невакцинираните. Дури 70 проценти од нив се невакцинирани. Најмладиот пациент позитивен на ковид-19 е на возраст од 15 години, додека највозрансиот има 90 години, вели директорката на болницата, Билјана Гагачовска.
Во Битола бројот на лица позитивни на ковид -19 последнава недела вртоглаво почна да расте. Само за три дена има 135 новозаболени, а вчера беа евидентирани речиси половина од нив, односно 58. Со тоа, по неколку месеци бројот на активни случаи се искачи на 358, а со месеци се движеше меѓу 170 до 250, нагласувата од Клиничката болница во Битола.
М.М.