Во земјава се хоспитализирани околу 700 пациенти пациенти со ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека најголем е притисокот во Тетово, каде што се хоспитализирани околу 110 лица, а околу 90 се хоспитализирани во Гостивар. Повеќе од 35 хоспитализирани пациенти има во Струга, а 40 во Кичево.
Според Филипче, засега функционирањето на здравствениот систем не е доведен во прашање и дека може да се справи со нов наплив на пациенти.
– Тоа што сакаме да постигнеме со нашата мерка, дури и по прележувањето на болеста, луѓето што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Не секој пациент реагира еднакво, не секој развива еднакво антитела. Затоа, со оваа мерка сакаме да постигнеме две работи – граѓаните да развијат подолготраен имунитет, а здравствениот систем да се заштити од следни бранови – изјави Филипче, во однос на тоа од кои причини, на лицата кои ја прележале болеста и имаат антитела, не им е дозволен влез во трговски центри и во угостителски објекти 45 дена по прележувањето.