Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека од почетокот на кризата регистрирани биле вкупно 414 увезени случаи на коронавирус кај нас.
– По затворањето на границите спорадични случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторното отворање на границите речиси секој ден. Од почетокот, вкупен број импортирани случаи се 414, од нив најголем број се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи – рече министерот.
Поради ширењето на коронавирусот границите беа затворени три месеци, односно од март до 17 јуни.
Најголем број новодијагностицирани сме имале во 28. недела, односно втората недела од јули, со регистрирани 1.074 нозоаболени, по што следи период кога бројката опаѓа се до 38. недела, во септември, кога се регистрирани 908 нови случаи.
Од почетокот на кризата во земјава се регистрирани вкупно 16.867 заболени од ковид-19, од кои 88 случаи се од денес, регистрирани се 705 смртни случаи, а во моментов има 2.078 активни случаи. Институтот за јавно здравје од почетокот на кризата бележи 14.084 излекувани од ковид-19.