Согласно прогласената вонредна состојба во државата и зголемениот ризик од семејно насилство, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара дополнување на одлуката од 06.04.2020 година (36-та седница на Влада на РСМ) за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата,
– Во текот на полицискиот час треба да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство. Исто така бараме во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него, приведување, покренување на привремении мерки за заштита, се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом – се наведува во соопштението.