Од Центарот за јавно здравје информираат дека во последната недела има благо намалување на бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп. Во периодот од 5 до 11 април во општина Прилеп имало 328 нови случаи на ковид-19, а од последици на коронавирусот починале 19 лица.
Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 1.033. Моментно на болничко лекување се наоѓаат 125 лица, од кои 99 се на кислородна поддршка. Во дневната болница се лекуваат 105 пациенти, а на домашно лекување се наоѓаат 98.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 7.632. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 364 лица. Ка.М.