Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, утрово на средба со лидерите на политичките партии договорил мораториум за сите партиски активности поврзани со изборите до 22 март.
Претседателите на сите политички партии биле согласни да ги одложат активностите, а за можно одложување на изборите ќе се разговара дополнително.
– Јас утрово искомуницирав со лидерите на сите партии и ме информираа дека ставаат мораториум за сите активности до 22 март, пред почетокот на кампањата. Тоа е добро, за сите нас, здравјето е најбитно. Присутни беа сите политички лидери Заев, Мицкоски, Ахмети, Села, Гаши – рече премиерот Спасовски.
Премиерот ги замолил лидерите на политичките партии за можноста за одлагање на изборите да разговараат дополнително, на лидерска средба.